3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Крвава пресметка во Аеродром: Лихвари и дилери претепале младо момче (ВИДЕО)

27-годишно момче од Драчево е претепано синоќа пред угостителски објект во општина Аеродром. Според видеото што го објави „Макфакс“, во нападот учествувале повеќе лица и немилосрдно го тепале момчето пред очите на женско лице.

Нападнатото лице по добиение удари паднало во бессознание и со возило на Брза помош било пренесено во Клинички центар.

Според неофицијалните информации, групата што го претепала момчето била поврзана со лихварство и дилерство.

Од МВР го потврдија овој настан и порачаа дека се уште се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на напаѓачите.

На 20.09.2018 година во 22,05 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Методија Шаторов Шарло“ пред угостителски објект повеќе лица, од кои тројца пријавителот ги познал, физички ги нападнале В.Г.(27) и М.З.(21) и двајцата од Скопје. В.Г. во еден момент изгубил свест. Потоа, заедно со М.З. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави