5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Екс-премиерот од ВМРО-ДПМНЕ се изјасни за ЕУ и НАТО: ЕВЕ КОЈ Е НЕГОВИОТ СТАВ!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер на техничката влада, Емил Димитриев, на својот Фејсбук профил истакна дека нема да поддржи никакви уставни измени, со цел прмена на уставното име.

 

Денес во исто време сме исправени и пред реализација на нашиот приоритет за интеграција и пред предизвикот овој пат сами да се прекрстиме, со што дополнително се комплицираат одлуките. Сепак суштината на нашиот проблем кој ја запре нашата интеграција е билатерален спор. Многу малку проблем на земјите од светот, бидејки големо мнозинство земји не признаа под уставното име, а воопшто не претставуваше наш домашен проблем. Новото решение од договорот ги дерогира сите три сегменти, од кои внатрешната употреба очекувано предизвика најмногу реакции. Ова за мене беше моментот кој пресуди да не ги подржам уставните измени. Македонија, јас во иднина ја гледам како членка на НАТО и ЕУ тоа ние реално го заслужуваме, но неможам да поддржам себепрекрстување и прекрстување на моите деца и идните генерации на нашата земја. До сега максимално внимавав да не погрешам и да направам штета на мојата земја извршувајки, како ретко кој поединец должности хиерархиски подредени од најниска до највисока. Така ќе постапам и сега. Вечна да е Македонија! – напиша Димитриев.

За многу години да ни е празникот Раѓањето на Мајката Божја – Пресвета Богородица ! На овој голем празник сакам да го…

Posted by Emil Dimitriev on Friday, September 21, 2018

поврзани објави

Последни објави