Една млада жена доживеала големо разочарување, откако дознала за измамата на својот маж. Очајна, ја посетила својата баба на која и раскажала дека се чуствува скршено. Не знаела дали има смисла да ја спасува врската или просто да се откаже, а баба ѝ, и го дала најдобриот совет досега.
„Се и кажав, а мојата бабичка ме однесе во кујна. Наполни три тенџерчиња со вода и ги стави на шпорет. Водата брзо провре. Во првото стави морков, во второто јајца, а во третото мелени зрна кафе. Без збор ги остави да се готват и после 15 минути ги исклучи. Го извади морковот и го стави на чинија, јајцата во тенџере, а кафето го стави во шолја. Свртувајќи се кон мене ме праша „кажи ми што гледаш?“
„Морков, јајца и кафе“, одговорив. Ги привлече садовите кон мене и ми рече да го допрам морковот. Го направив тоа и забележав дека е мек. Потоа баба ми ми рече да ги скршам јајцата. Откако ги извлеков од лушпата, го набљудував тврдо готвено јајце. На крај ми рече да се напијам голтка кафе. Го направив тоа и се насмеав, откако ја пробав богатата арома. Потоа ја прашав-што значи сето ова?
Баба ми ми рече дека сите тие намирници се соочени со иста катастрофа-вода која врие. Секоја од нив, реагираше поинаку. Морковот влезе како силен, јак и непопустлив. Сепак, врелата вода го направи мек и слаб. Јајцето беше слабо и кршливо, а при дејството на топлата вода стана силно. Мелените зрна кафе беа единствени, откако се најдоа во вода, се променија.
„А што си ти“, ме праша баба ми. Кога несреќата затропа на твојата врата, како реагираше? Дали си морков, јајце или зрно кафе? Размислив за тоа. Дали сум морков кој изгледа силен, а на првиот проблем станува слаб и мек? Дали сум јајце кое почнува со мека душа, но со проблемот станува тврдо? Изгледа ли мојата лушпа еднакво и го крие ли моето скаменето срце? Или пак сум зрно кафе кое може да го промени водата на високо ниво?
„Ти посакувам да имаш доволно искуства, кои ќе те направат мека и слатка како морков, доволно искуства кои ќе те научат како да станеш цврста, и доволно искуства на кои сама ќе влијаеш, за да стекнеш надеж“, рече баба ми.
Најсреќните луѓе не се нужно оние кои го имаат најдобро од се-тие само го прават најдобро, од тоа што ќе им се најде на патот. Најдобрата иднина секогаш се темели на заборавено минато, а во животот не можеш да тргнеш напред, ако не ги пуштиш своите стари неуспеси и рани на срцето. Кога си се родила, си плачела додека сите други околу тебе се смееле. Живеј го својот живот, на крај, ти ќе бидеш таа која се смее додека другите околу тебе плачат, мудро заклучи баба ми, која сакаше да ме донесе до степен, сама да ги донесам своите заклучоци и да го пуштам од животот она што ми носи и предизвикува болка.