2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Семејството на Драгојевиќ: Немојте да го користите името на Оливер за лична заработка!

Семејството на хрватската музичка легенда, Оливер Драгојевиќ, преку соопштение се обрати до оние кои се обидуваат да заработат, злоупотребувајќи го неговото име.

„Семејството на Оливер Драгојевиќ со ова се обраќа до јавноста, како и до сите кои во негова чест сакаат да организираат какви било настани во негово име и уметничкото творештво да го користат за свои цели. Законот за заштита на личните податоци на Европската унија го штити поединецот во врска со слободниот пренос на такви податоци и секое неовластено користење и обработка на личните податоци се смета за противправно“, стои во соопштението објавено и на Фејсбук.

Посебно се нагласува тенденцијата за користење на името на Драгојевиќ во комерцијални цели.

„Љубезно ве замолуваме личните податоци на господин Оливер Драгојевиќ, посебно неговото име, да не го користите за промоција, маркетинг, концерти, приредби и слични настани, без претходно писмено одобрение од неговото семејство, бидејќи уметничката вредност на неговото име е и неизоставен дел, како од нас самите, така и од севкупното хрватско музичко наследство“.

поврзани објави

Последни објави