Главниот и одговорен уредник на порталот „Лидер“ Љупче Златев на социјалната мрежа ФБ се вклучи во живо каде што објаснува дека заедно со неговиот снимател бил во Маврово каде сакал да ја снима куќата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Тој, во видеото објаснува дека на самото место во Маврово пристигнале луѓе во џип кои барале тој да се легитимира, при што одбил бидејќи како што вели не можел секому да се легитимира. Лицата кои го побарале тоа од него, потоа на телефон се обиделе да му го дадат градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, по што Златев тврди дека одбил да разговара.
– Тие ни велеа дека ова е приватен имот, иако се работи за државно земјиште. Не ни дозволуваа да снимаме, иако не ни влеговме на тој приватен имот. Ние снимавме од улица кон куќата, што не е забрането со ниту еден закон во Република Македонија. Не се легитимиравме бидејќи не можеме да се легитимираме секому. Имаше туркање, по што тие беа снимени. Ние во моментов патуваме кон телевизија Алфа каде што ја носиме нашата снимка. Во еден момент еден од нив ми рече да се чујам со Шилегов, по што одбив. Јавно го повикувам Шилегов кој праќа насилници, на ТВ дебата за да расчистиме околу овој настан, се надевам дека Обвинителството ќе покрене постапка не само против оние кои се закануваат новинари. Утринава јас напишав на мојот ФБ профил дека вечерва ќе влезам во државно земјиште и сакам Шилегов да ме спречи. Тој тоа го направи, останува на институциите да преземат конкретни чекори, а снимките ќе можете да ги гледате на ТВ Алфа, вели Златев во видеото објавено на Фејсбук.
Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, September 21, 2018