4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Неколку години го криел телото на својата мајка за да ја користи нејзината социјална помош

42 годишен жител на Ријека, неколку години го криел починатото тело на својата мајка, а во нејно име целовремено ја користел паричната помош.

Со оваа морбидна измама, хрватот го има оштетено Центарот за социјална работа со најмалку 3200 евра.

Истовремено, постои сомневање дека истата личност со цел да го сокрие злочинот, подметнал пожар во неговиот стан, со што во опасност ги довел животите и на останатите станари во нивната зграда.

„Тоа е човек кој 15 години чува отпад во станот. Голема смрдеа се ширеше од неговиот стан. Живее сам, неговата мајка не е тука, иако станот е на нејзино име“, изјави еден од комшиите.

На крај произлезе, дека неговата мајка починала, а тој подолг временски период го криел нејзиното тело, а пожарот го подметнал мислејќи дека ќе се сокрие.

поврзани објави

Последни објави