Што мислиш ти, што се случува? Народ се случува – ми одговори Чавков. Имаше информации и предупредив дека можно е луѓе, по натпреварот да се упатат кон Собранието.
Од тој момент шефот на Златната команда, Чавков почна да постапува професионало-вака сведочеше Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу Агим во Кривичниот суд за настаните од 27 април. Во својот исказ рече дека повеќе пати се обидел да го добие Чавков на неговиот мобилен телефон, но безуспешно. Искомунициран со други одговорни од оперативниот штаб.
Пред 18 часот на телефон ми се јави заменик директорот на БЈБ и ме праша дали следам што се случува во Собранието. Веднаш потоа му пуштив порака на Чавков и тоа во 17.58 часот со следнава содржина “Директоре дали ги следите дебатите во Собранието? Има ли можност да ескалира ситуацијата? Во 18.03 часот добив одговор “Нема можност, засега се е под контрола”. По една минута добив нова порака “Надвор нема проблеми”. Во 19.25 часот стигнав во оперативниот штаб каде што на дежурниот на штабот, Душко Лазаров, му реков да даде наредба за евакуација. Чавков пристигна околу 20 часот. Беше агресивен.
За заканите, навредите и физичките напади сведочеше и градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш новинарка која низ солзи раскажа што доживеала на Крвавиот четврток. Курто Дудуш кој сведочеше дека толпата им се заканувала дека никој жив нема да излезе, го препозна и Игор Дурловски пред вратата на прес-салата.
Зоран Заев, Талат Џафери и Зијадин Села- оваа тројка била на мета на топлата. И додека тареше тепањето на пратениците, не видов ниту еден полицаец- вака сведочеше новинарката.
На денештото маратонско судење, еден од обвинетите Вилијам Михајловски побара затворскиот притвор да му биде заменет со куќен, со образложение дека не е фер 11 обивинети да бидат во притвор, додека за првообвинетите да не важи ова правило.
Извор: 24Вести