Швајцарските граѓани во недела излегуваат на два референдума со кои сакаат да ја заштита својата храна и земјоделство, а во истиот ден ќе одлучуваат и за правниот статус на велосипедските патеки низ земјата.
Првиот референдум е познат како иницијатива за праведна исхрана и со него се повикува сојузната Влада да го подобри производството на храна која во предвид го зема добробитот на животните. Се предлага воведување на детална ознака на производите, и донесување мерка против фрлање на храна.
Другиот референдум ќе биде за „сувереноста на храната“ и со него се бара радикална измена во земјоделскиот сектор, мерки со кои ќе се зголеми бројот на вработени во агрокултурата.
Третиот референдум се однесува да велосипедските патеки правно се изедначат со пешачките и планинските патеки. Швајцарците пред 40 години во Устав донесоа задолжително оддржување и изградба на пешачките и планинските патеки, а денеска тоа сакаат да го прошират и на велосипедските.