2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Францускиот амбасадор во Македонија: Или ќе бидете Северна Македонија, или Северна Кореја, ваш е изборот!

Францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, денеска порача дека Македонија може да испорача добри вести, затоа што поседува капацитет за помирување и компромис, како и дека е способна да ги надмине сите митови и болки од минатото.

– Мислам дека Македонците сега имаат вистинска шанса, особено во текот на идната недела, и дека се способни да направат одредени жртви. Зборувам со Македонците и знам дека сето ова воопшто не е едноставно, но треба сите да размислуваат и за идните генерации. Можеби директно, но ќе ви кажам. Изборот е Северна Македонија или Северна Кореја. Треба да знаете што ќе изберете, рече Тимоние на панел-дискусијата „Реформи, референдум и евроатлантски-интеграции на Република Македонија“, во МНР.

Посочи и дека треба да се продолжи со реформите.

– Во Секретаријатот за европски прашања забележуваме дека тоа бара секојдневна работа и знаеме да кажеме Македонците се многу вешти во подготовка на текстовите, но многу потешко ги спроведуваат практично, но тоа е случај со сите и треба да се продолжи, порача францускиот амбасадор Тимоние.

Како учесници на панел-дискусијата беа најавени и претставничката од Францускиот Сенат, сенатор од Ивелин и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, Марта Де Сидрак и сенаторот од Вал д Уаз, но тие не присуствуваа поради обврски во Франција.

поврзани објави

Последни објави