-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Семејството емотивно открива -“Анонимниот донатор“ го спаси животот на малиот Душан

Големи и позитивни вести доаѓаат од соседството со приказната за малиот Душан Тодоровиќ кој има само 4 години и кој мораше да отпатува на операција во Барселона на лекување.

Парите биле донирани во „5 до 12“ а тајниот испраќач на парите, поради големата благодарност од фамилијата Тодоровиќ, не успеале да го сокриват.

Станува збор за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој е познат по неговата скромност и со тоа што не сака евтина популарност за вакви работи.

Матиќ кога ја слушнал приказната за малото момче Душко, веднаш барал бројче од српските медиуми да се јави на фамилијата и да ги праша колку пари им требаат.

Одговорот на фамилијата Тодоровиќ била 70.000 а тој им дал гаранција дека веќе идниот ден во банка на нивната сметка ќе имаат толкава сума.

Но освен тоа што Матиќ не излажал, тој веќе истиот ден дал налог на адвокатите да извадат толкава сума на пари и со брза трансакција парите да им бидат испратени на семејството Тодоровиќ.

„Станува збор за господинот Немања Матиќ, тој не контактираше за да не извести дека тој ќе ја плати операцијата, од се срце му се заблагодаруваме за ова!“ – рече таткото на малиот Душан.

Но и таму наишле на проблем со бирократските проблеми, па Матиќ морал лично да се јавува во болницата во Барселона и да ги убедува таму главните лица на клиниката дека парите ќе стигнат и дека веќе се пратени, но не се трансферирани.

Сета таа драма се случувала пред една недела, кога во тек беа натпреварите на репрезентациите.

Малиот Душан имал проблеми со малиген тумор на надбубрежната жлезда, па деновиве треба да почне неговата терапија, а потегот на Немања Матиќ е за СЕОПШТА ПОЧИТ!

поврзани објави

Последни објави