Новата сезона на едно од најгледаните македонски ток шоу „1 на 1“ стартува! Екипата подготвена како никогаш до сега. Студиото и техниката спремни за акција.
А, водителот? Што е со Жарко Димитриовски? Јавна тајна е дека за познатите личности кружат разни приказни дека товарот на професијата тешко се носи ако не си „на нешто“!
Па, така барем се зборува низ чаршијата, дека некој е на „бело“, друг на литар, два, три… „течна храна“, трети се на јога, пилатес, стероиди, теретана, четврти на само на овошје и зеленчук… А кој ќе ги знае?
Кој веќе може во морето од пласирани информации и дезинформации, од спинувани, лажни и точни вести да знае што не е, а што е вистина?
Ама затоа пак Вистина.мк има секогаш црно на бело… За се’, па и за Жаре „1 на 1“! Оние кој летоска го виделе велат дека на водителот му се „бројат ребрата“! И тоа може да се види со голо око!
Па луѓето почнаа да се прашуваат: „Добро, па „на што е“ тој Жаре? Затоа, ние решивме да ја одгатнеме мистеријата. Па ако лаже чаршијата, не лаже фотографијата, нели?! Точно е дека Жаре Димитриовски неодамна е виден како„ му се бројат ребрата“. Точно шест на број! И тоа на скара! Водителот сам свој мајстор, ала „Чичко Стоилко“, што би рекол и самиот! И машала, да не го урочиме и за ова го бива, а и се гледа дека добро му оди!
Извор: Вистина