Изминатата вечер во Скопје, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола со цел откривање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
Резултатите од акцијата се застрашувачки, ако се знае дека во периодот од 23.00 до 05.00 часот биле регистрирани вкупно 200 возачи, алкотест им бил направен на 150 возачи, а дури кај 48 од нив било утврдено дека има присуство на алкохол во крвта. Тројца одбиле да подлежат на алкотестирање.
По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 144 мерки . Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози а против 2 лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка.