2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Инспиративни цитати од Мајка Тереза: „Мирот започнува со насмевката.“

Мудрите мисли и зборови на оваа извонредна жена меѓу нас се денес присутни како никогаш досега. Токму нејзините пораки за мир не насочуваат на размислувањето да станеме подобри луѓе, баш како што и самата Мајка Тереза правеше целиот свој живот. Нека овие цитати во продолжение ви бидат мантра за секој ден.

– „Ако не можеш да нахраниш 100-тина луѓе, нахрани само 1 човек.“

-„Оние кои ги осудуваат луѓето немаат време да ги сакаат.“

-„Некои луѓе влегуваат во твојот живот како благослов, а некои како лекција.“

-„Не сме сите создадени да правиме големи работи. Но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов.“

-„Осаменоста и чувството дека не сте сакани е најголемата сиромаштија.“

-„Не е важно колку работите, важно е колку љубов внесувате во тоа што го правите.“

-„За да го вратиме мирот, не ни требаат оружја и бомби. Ни треба љубов и сочувство.“

-„Мирот започнува со насмевката.“

-„Дочекајте се едни со други со насмевка, бидејќи насмевката е почетокот на љубовта.“

-„Пронајдов еден парадокс. Ако сакате некого до болка, тоа значи дека болката повеќе нема да постои, туку само љубовта.“

-„Мирот не постои. Тоа е затоа што заборавивме дека припаѓаме едни на други.“

-„Што можете да направите за да го промовирате мирот во светот? Одете дома и сакајте го вашето семејство.“

-„Најдете време за игра, тоа е тајната на вечната младост.“

-„Секој кој ви се приближува нека си оди од кај вас подобар и посреќен.“

-„Има повеќе глад во светот за љубов и почитување, отколку за леб.“ 

поврзани објави

Последни објави