Надлежните институции го испитуваат феноменот со статуата на Мајка Богородица, која „плаче“ во црква во Нов Мексико.
Статуата која се наоѓа во католичката црква, дадена е на хемиска анализа, на која е утврдено дека солзите всушност се од маслиново масло.
„Некои од сведоците тврдат дека осетиле и мириз, сличен на оној кој го користиме за благослов, крштевки и други обреди“, изјави бискупот Оскар Кант.
Во тек е истрага со цел да се утврди кој вид на течност е откриен во шупливата бронзена скулптура, пренесува Фокс Њуз. Бископот вели дека ја прегледал нејзината внатрешност и дека не пронашол ништо невообичаено.
https://youtu.be/eD6A8h6v4QU
„Освен пајажини, внатре немаше ништо друго. Ја сликавме и ја прегледавме статуата“, изјави Кант, кој додаде дека мора да се испита дали солзите се лажни.
„Дури и солзите да се лажни, не знам како тоа е изведено. Статуата е од појачана бронза, а во внатрешноста е шуплива“, заклучи бископот.
Ако црквата заклучи дека солзите се натприродна моќ, ќе мораат да одлучат дали доаѓаат од бога или од злите духови.