Сите они душегрижници кои што мислат дека ВМРО-ДПМНЕ има некаков раскол, има некакви недоразбирања кои што се од незнам каков голем размер се лажат, и навистина морам да ги разочарам, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија.
-Не само што нема раскол, туку ВМРО-ДПМНЕ е единствено, продолжува во периодот кој следува да ги презентира своите политики и навистина морам да ги разочарам сите оние луѓе кои што се загрижени за состојбата во ВМРО-ДПМНЕ. Јас ја ценам нивната загриженост, но нема потреба да бидат.
Јас сум човек кој што секогаш е отворен за различни мисења, така што секој оној кој што ќе аргументира пред мене различно мислење јас тоа го прифаќам, станува дел од моето секојдневие и на тој начин човек може д абиде само поквалитетен.
Од секоја порака човек може да научи доколку таа е аргументирана и се темели на факти, но секако доколку знам дека е плод на шпекулации, полувистини или невистини, се обидувам тие да ги квалификувам во зоната на слабостите, рече Мицкоски.