Бездомник скоро секој ден барал храна во контејнерот на еден луксузен ресторант во градот Фарго во САД. Еден ден пребарувајќи низ отпадот, налетал на порака која му го променила животот.
Гостите го забележале човекот, му кажале на менаџерот на ресторанот, а тој решил да направи нешто убаво! Не можел да го игнорира фактот, па му напишал на бездомникот една порака.
„Личност која пребарува во контејнерот барајќи нешто да изеде. Ти си човек и за тебе не е храна од контејнер. Те молам, влези кај нас во текот на работното време и земи неколку парчиња топло јадење и чаша вода бесплатно. Без никакво прашање.“
Инаку, ова се случило во градот Фарго, во САД. Некој го фотографирал овој напис и го споделил со луѓето на социјалните мрежи. Овој менаџер е вистински херој, зарем не?