2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дали се крстите кога минувате пред црква? – Конечно разрешено: Грев или христијански чин?

Додека едни сметаат како механичко дејство кое нема никаква поврзаност со религијата или со Бог, други овој чин го сметаат како израз на почит спрема светоста и религијата.

Прашањето кое се наметнува е дали ова нешто е минливо, феномен прифатен од мнозинството или христијански чин?

„Мислам дека овој чин е тотално христијански. Оној кој ќе осети потреба на тој начин, дури и за момент да се приближи до Бог, не прави ништо лошо. Крстот има две „линии“. Хоризонталната и вертикалната ја претставуваат и симболизираат љубовта спрема Бога“, изјави свештеникот Ѓурѓевиќ.

Од друга страна, социологот Ратко Божовиќ смета дека ова дело е вид на невербална комуникација, навика и механичка реакција.

„Мислам дека тоа е форма на навика или механичка реакција. Младите порано тоа не го правеле, а сега ги гледаме масовно како се крстат на јавни места. Тоа сигурно го имаат научено од постарите. Сепак, сфаќам дека кај поединци, сево ова е од психичката состојба. На овој начин се манифестира многу љубов кон Бог. Тоа е некаква емпатија, сензуалност, емоција …“, објаснува социологот.

поврзани објави

Последни објави