3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Еден ден после референдумот – се очекува вистинска револуција во градинките, училиштата и болниците

Владата на РМ предводена од Зоран Заев ги зголеми платите за месец септември на вработените во градинките, училиштата и болниците, а истите ќе бидат исплатени во октомври, само еден ден по одржувањето на референдумот за промена на името.

Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми и Мила Царовска.

Од министерот за финансии, Тевдовски беше споделено дека сето ова е само реализација на најавите со Буџетот за 2018 година, кој беше донесен уште минатата година.

Арбер Адеми, министерот за образование и наука појасни дека сите вработени во јавните и државните основни и средни училишта во земјата, независно дали се ангажирани на неопределено или на определено работно време, ќе добијат зголемување на платите за пет отсто.

„Како министер за здравство и како доктор убеден сум дека со зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд, нешто што го направивме претходно, како и зголемување на платите ќе се даде значаен стимул за подобрување на положбата и достоинството на сите работници во македонскиот здравствен систем, рече Филипче, министерот за здравство.

Министерката за труд и социјала Царовска нагласи дека зголемување од пет отсто ќе добијат и сите воспитувачки и негувателки кои работат во предучилишното образование. Се работи за 4.295 вработени, за што МТСПП обезбеди 15 милиони денари.

поврзани објави

Последни објави