2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бугарски снајперист ги изненади своите колеги од НАТО со невозможен истрел

Снајперистот од Бугарската армија, Крум Хаџипетков постави рекорд во пукање од далечина, погодувајќи ја својата цел на растојание од 1, 5 километри. Погодокот на Хаџипетков е уникатен бидејќи досега во мета со големина 50 см на 1 метар е пукано од 1 километар, воедно со тоа, бугарскиот војник пукал со една рака, додека неговата пушка била потпрена на неговиот ранец.

Хаџипетков ги изненадил своите колеги од НАТО и со погодувањето на 3 куршуми на исто место на растојание од 106 метра. Друг занимлив факт околу овој натпревар меѓу снајперистите од армиите на НАТО е тоа што, пред да пукаат на своите мети, тие трчале 21 километар со опрема тешка 25 килограми. За време на натпреварот бугарскиот снајперист успеал да погоди уште, топче за пинг-понг на растојание од 500 метри и портокал точно во центарот на растојание од 800 метри.

поврзани објави

Последни објави