Голманот на Вардар, Филип Гачевски на својот Фејсбук профил директно му се обрати на Висар Муслиу, фудбалер на Шкендија, кој во минатото ги бранеше и боите на Вардар.
Муслиу на почетокот од сезоната истакна дека оваа година на неговиот тим ќе му биде уште полесно да дојде до титулата, затоа што Вардар е многу послаб во однос на минатата сезона.
„Е мој Висар Муслиу, многу си смешен!!! Најсмешен!!! Не ми се верува дека фудбалер како тебе ги брани боите на националниот дрес. Сакам да те поздравам од моите навивачи и колеги. Шкнедија треба уште многу леб да јаде за да стане Вардар!!! Вардар е светиња, Вардар е гордост на Македонија!!!“, напиша Гачевски.
" Vo minatata sezona vtoriot del bese polesen, zatoa sto Vardar si imase vnatresni problemi. Ovaa godina mislam deka ke…
Posted by Gača Gača on Saturday, September 22, 2018