2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Во најава трета светска војна – Иран го обвини САД за нападот и порача: Одговорот ќе биде страшен и болен!

На воената парада во југозападниот дел во Иран, беа убиени најмалку 29 лица, меѓу кои има и цивили, а властите во оваа земја за нападот ги обвинија САД и нивните сојузници.

Претседателот на Иран, Хасан Рохани се појави на лице место, каде изрази сочуство до загинатите, воедно порачувајќи дека ќе следи „страшен“ одговор кој ќе биде болен за противникот.

„Одговорот на Исламската Република на секоја закана ќе биде страшен“, рече Рохани во официјалното соопштение.

Рохани верува дека нападот е продолжение на заговорот на владите на регионот, платениците на САД кои се обидуваат да сеат несигурност во нивната сакана земја.

Цел на нападот биле иранските официјални лица кои присуствувале на годишната церемонија по повод одбележувањето на почетокот на иранско-ирачката војна (1980-1988).

поврзани објави

Последни објави