Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека правото на глас е загарантирано на секој граѓанин на државата.
Оние пак што се залагаат, односно јавно ги наведуваат луѓето да не излезат да гласаат, ќе бидат гонети од МВР и истите ќе добијат казни и санкции според законот.
„Македонија е слободна демократска земја со европски манири. Секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран согласно законите. Ова важи и за активностите на интернет. Секој обид за попречување на правото на глас ќе биде санкциониран“, рече министерот Спасовски.
Тој воедно кажа и дека тајноста на гласот е загарантирана.
На 30-ти септември граѓаните треба да се изјаснат дали се за или против членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција.