-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Уште денес започна гласањето за референдумот: Се полни првата гласачка кутија во ДИК

Денес во Државната изборна комисија се полни првата гласачка кутија, откако право на глас имаат 104 членови во избирачките одбори кои ќе го спроведат гласањето во дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Во сабота право на глас имаат македонските државјани во дијаспората.

„На 29 септември покрај 2694 наши граѓани коишто се пријавија за гласање во некои од 33те конзуларни претставништва, своето гласачко право ќе можат да го остварат 1558 гласачи кои се наоѓаат во некои од казнено поправните установи, потоа 7 гласачи кои се наоѓаат во центарот за внатрешно раселени лица, како и околу 2000 гласачи коишто до општинските изборни комисии поднесоа известување дека сакаат да гласаат во своите домови како болни или немоќни лица“, соопшти портпаролката на ДИК, Љупка Гугуческа.

Најмногу пријавени македонски државјани за гласање во странство има во Берн, повеќе од триста. Најмалку, десетмина, аплицирале во дипломатско конзуларното претставништво во Будимпешта.

Македонските државјани кои се пријавиле за гласање во странство се запишани во посебен извод од избирачки список кој е важечки само за дијаспората. Ако некој од нив допатува во Македонија на 30 септември, нема да биде во можност да гласа во земјата.

поврзани објави

Последни објави