Новинар на Алсат-М ја искина легитимацијата од Владата бидејќи не била напишана на албански јазик
Адриан Керими новинар од Алсат-М, ја искина новинарската легитимација од Владата на Република Македонија.
Причина за тоа е дека таа не била напишана на албански јазик.
-Таква лична карта не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите. Не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите, напиша новинарот на својот профил на „Фејсбук“.