Струмичката модна блогерка и девојка на Дарко Спејко, Љупка Митрова реши популарноста која ја доби преку социјалните мрежи да ја искористи со тоа што ќе отвори продавница во која на нејзините следбенички ќе им бидат достапни креации кои таа ги дизајнирала.
Со тоа, од блогерка преминува во дизајнери иако професионалците од модната фела не би се сложиле дека така лесно може да се добие титулата моден дизајнер.
Вака или така, Љупка сигурно оди кон својата зацртана цел, а деновиве на социјалните мрежи претстави и едно парче кое го облече на себе, а позираше на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Едноставен фустан со нагласено висок шлиц кој ја истакнува фигурата, а нема сомнеж дека ги привлече погледите на минувачите од центарот на Скопје.
Фотосесијата не заврши само со една комбинација, следеше и друга, но во нешто поспортско ама исто така секси издание.