6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ФОТО: Отворете ги добро очите, немила глетка во Кисела Вода – расфрлани виршли со отров

Расечени виршли со отров биле забележани на улицата „Марко Орешковиќ“ во Кисела Вода од страна на тамошните жители. Преку фотографии испратени до медиумите граѓаните алармираат на опасноста која демне од јавните површини во оваа општина.

Според сознанијата отровните виршли се фрлени од несовесни трујачи со цел да се отрујат кучиња – скитници во оваа населба. Не само што тоа е опасно по таквите животни, тие претставуваат голема опасност и за други животни, но и за деца кои често се играат во близина на оваа сообраќајница.

Невладината организација за заштита на животни „Анима Мунди“ со месеци предупредува дека трујачите се се уште активни и дека е забележан отров на повеќе локации низ Скопје.

поврзани објави

Последни објави