Со интересен статус на својот фејсбук профил, актерот Драган Спасов- Дац ја раскажува неговата семејна историја. Дац вели неговото семјство зборува на ист јазик, македонски без разлика на периодот и на тоа кој е на власт.
„Воената книшка на дедо ми Драган Спасовиќ од 1929 година. Говореше како и јас, Македонски! За време на окупацијата од Бугарите беше Спасов, и говореше Македонски.
Татко ми Стево роден во Народна Република Македонија, говореше Македонски. Јас сум роден во Социјалистичка Република Македонија, говорам Македонски. Првиот син ми е роден во Република Македонија, и говори Македонски.
Вториот син ми е роден во Поранешна Југословенска Република Македонија и говори Македонски. Дали мислите дека нивните деца ќе говорат друг јазик и нема да бидат Македонци?!“, напиша Дац.