4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Маја е родена без нога како и нејзиниот татко, а наместо протези носела конзерви од туна: Потоа се случил пресврт

Не можеше да оди па моравме да направиме нешто што ќе ја заштити од земјата, вели нејзиниот татко, кој боледува од истата болест.

Малиот херој Маја Мерхи е родена без нога, но за неа и нејзиното семејство тој хендикеп не претставувал никаква препрека за нормален живот, туку еден вистински предизвик. Исто така, шанса и можност нејзиниот татко да го оствари својот сон.

Нејзиниот татко, Мохамед Мерхи, кој боледува од истата болест која се нарекува конгенитална ампутација, побегнал од Алепо со својата сопруга и шесте деца, а засолниште пронашол во камп во Идлиб.

Нивниот живот воопшто не бил лесен, посебно за Маја која лесно можела да се движи ползејќи како својот татко. Сепак, по операцијата која неодамна и ја направиле, нозете и биле дополнително скратени, што дури и и оневозможило да ползи, па по цели денови седела во шатор.

8-годишната Маја од бегалскиот камп во северна Сирија одела благодарение на протезите кои и ги направил нејзиниот татко, и тоа од конзерва од туна. Неколку потресни фотографии кои се појавиле на социјалните мрежи веднаш го обиколиле светот, па девојчето било однесено во Турција, каде конечно добило свои “вистински” нозе.

“Не можеше да оди па моравме да направиме нешто што ќе заштити од жешката и валкана земја”, рекол нејзиниот татко, зборувајќи за импровизираните помагала кои ги направил. Тој вели дека конзервите од туна ги употребил затоа што пластичните цевки не се покажале како доволно отпорни во допир со земја.

Тој додал дека внимателно водел грижа за протезите така што пластичните цевки ги менувал еднаш месечно, додека конзервите ги менувал еднаш неделно.

По операцијата во Истанбул, лекарите во тамошната болница истакнале дека Маја се смее, дека има добро здравје и дека учи да оди. Специјалистот во областа на протетиката, кој на девојчето бесплатно му пружил третман, рекол дека ќе и бидат потребни 3 месеци за да стекне целосна мобилност и функционалност.

Докторите веруваат дека девојчето во целост ќе може да се движи само, користејќи ги новите протези.

поврзани објави

Последни објави