Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска не успеал да го оствари своето право на глас, бидејќи неговото име го немало на избирачкиот список.
„Да, точно е, не гласав. Не можев да го искористам демократското право, бидејќи моето име не беше на избирачкиот список Моето име не беше на избирачкиот список во избирачко место каде гласав во сите изборни циклуси претходно, но се надевам дека се работи за изолиран случај“, рече Џафери.
Обраќајки се брзо по затворањето на избирачките места, Џафери им честиташе на институциите и граѓаните и кажа дека се надева на подобра иднина, а, како што кажа, овој ден ќе биде основа за идните процеси кои нè очекуваат во следниот период.