Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Јовановски денеска го оствари своето право на глас, пишува порталот Либертас.
Јовановски остана запаметен по неговиот говор во Собранието на Република Македонија каде што директно тогаш му се обрати на премиерот Зоран Заев со зборовите: Вие сте предавници, само слепци и користољубци не можат да го видат ова ваше предавство, ќе бидете запишани како јуда во сеќавањето на македонскиот народ каде и да се наоѓа овој голем, по доблест народ.
Јовановски цитираше македонски дејци притоа напоменувајќи дека е голем срам ако си го смениме името, од кое се уште се плашат како од чума. Тој го цитираше и Гоце Делчев: Јас не познавам друг народ кој толку многу страдал од своите предавници како Македонија.
Иако Јовановски беше жесток во неговите критики, тој денеска беше еден од ретките пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои излегоа да гласаат на референдумот, и покрај неговите ставови за тоа дека сме предадени.