25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Јоци: Или ќе се почитува правната држава или Заев ќе си практикува „зокијево“ право и закони до недоглед.

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци со нов фејсбук статус за референдумот. Таа пишува дека Државната агенција МИА објави изјава на претседателот на ДИК, Дерковски, со која тој ја информира јавноста дека одлуката за референдум не е усвоена. И како таква ќе биде објавена во ,,Службен весник”.

А, Заев, си прогласи успешен референдум. Урла он, урла Рада.

И сега сме на крстопат-или ќе се почитува правната држава или Заев ќе си практикува ,,зокијево право” и закони до недоглед. Нема средина.

Секако, доволно е да признае дека референдумот не успеал и работата да ја преземе Собранието.

Но, тоа его не се дава така лесно. Ќе си тера вака со лажна успешност док не падне од власт. Дури и во прикаските на Х.К. Андерсен има пореален приказ на #живот, отколку во говорите на егово.

Многу потсетува на Никола Груевски. Штета, стои во ФБ статусот на новинарката Јорданка Ивановска Јоци.

поврзани објави

     

Последни објави