2.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

Иванов со обраќање: Колку и да извртувате, реалноста е дека референдумот е неуспешен

Со негласање народот јасно се изјасни против брзи и наметни решенија, постигнати без претходен национален консензус. Пораката од народот е испратена до оние кои мораат да ја слушнат. Реалноста е дека референдумот не успеа. Не ја потценувајте суверената волја на македонскиот народ. Не е исполнет законскиот цензус за референдум. 36, 9 не е волја на народот, туку 63, 1 % кои не излегоа.

Колку и да извртувате, не можете да ја промените реалноста. Време е за одговорност пред македонскиот народ. Поддршката за ЕУ и НАТО од над 80 % ја сведовте на само 36, 9 %. На нашите евроатлански партнери им претставувате лажни перцепции. Истовремено очекувам ОБСЕ и ОДИХР сериозно да ги преземе во предвид приговорите околу нерегуларностите околу одредени избирачки места.

На оние кои се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија им порачувам да ги почитуваат меѓународните конвенции за дипломатски односи. Не може тие што имаат демократски дефецит да наметнуваат решенија спротивни на волјата на македонскиот народ.

Им честитам на македонскиот народ, на албанците, на турците, на бошњаците, власите и на сите други. Само цврсто сплотени околу нашите државни интереси можеме да го изодиме патот до ЕУ и НАТО. Таму треба да влеземе со нашето човечко достоинство, без притисоци, уцени и двојни стандарди.

Ова нека биде поука за сите политички партии да внимаат што и кон кого ветуваат. Сите во животот се соочуваме со порази, големината на човекот е да го препознае поразот. Вчера Република Македонија остана непоразена.

Да живее Република Македонија, рече Иванов во својот говор во вилата на Водно по повод вчерашниот одржан референдум.

поврзани објави

Последни објави