8.8 C
Skopje
Tuesday, October 29, 2024

Вучиќ со легендарна изјава за референдумот за името директно од Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ во однос на референдумот во Македонија денеска во Москва изјави дека не е на него да се меша во внатрешните работи на некоја земја, но оти Европа мора да биде поодговорна.

„Не е мое да се мешам во внатрешните работи на една земја. Стравувам и ми се чини дека некои луѓе од светот не потценуваат нас балканските народи и мислат дека можат се, мислат: ќе видиме ако може со народот, ако не, тогаш не со народот, ќе се обидеме со притисок врз пратениците, ако не може ниту тоа, не е важно, тоа мора да биде така“, изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

Тој рече дека го почитува договорот меѓу Македонија и Грција, но исто така луѓето од Европа и светот да покажат почитување кон малите народи. „Европа мора да се постави поодговорно“, рече Вучиќ.

поврзани објави

Последни објави