13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Пее растура – Емина Јаховиќ пееше во живо на турска телевизија и ги остави сите без текст

Популарната пејачка Емина Јаховиќ се разведе од турксиот поп пејач Мустафа Сандал, а оттогаш е главна тема во медиумите. Како што пренесува српски „Ало“, Мустафа благодарение на неговите врски и пријателства во Турција предизвикува медиумите да пишуваат за Јаховиќ бидејќи не може да поднесе затоа што повеќе не е со пејачката.

Пејачката Емина Јаховиќ за време на својата долгогодишна кариера успеа да помине низ најразлични музички жанрови.

Но овој пат таа пред публиката ја изведе познатата српска песна „Жолти дуњи“ со која ја воодушеви публиката. Имено, Емина гостуваше во една телевизиска емисија во Турција каде зборуваше за своите деловни планови, а потоа ја запеа песната и ги воодушеви сите, како во студиото, така и од другата страна на малите екрани.

Инаку, Емина и нејзиниот поранешен сопруг со кого се разведе пред неколку месеци се во центарот на вниманието и поради нивните нови љубовни афери.

Најпрво медиумите објавија дека Емина е во врска со познатиот турски милионер Седетин Саран, а набргу потоа и Мустафа Сандал објави видео од една негова колешка со што само ги засили шпекулациите дека помеѓу нив постои нешто повеќе од обично пријателство.

поврзани објави

Последни објави