Времето во Македонија денеска беш сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд, дувашеа слаб до умерен јужен ветер.
Во Сопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Но, метеоролозите најавувааат крај на убавото време набрзо.
Во наредните три дена во Европа пристигнува еден од најладните бранови, а метеоролозите велат дека може да се очекува и први обилни врнежи од снег оваа сезона.
Ладниот фронт кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.
Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.