6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Откриени стравични детали од нападот на куќата на Цеца: Еве кој бил прв на удар (ФОТО)

Внуците на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ биле во семејната куќа за време на нападот што се случи на 30 септември.

Во моментите кога напаѓачите со автомобил „мини купер“ и со уште едно возило караван удирале во портата, над влезот на куќата се наоѓала просторијата во која престојувале близнаците на Лидија, сестрата на Цеца.

„Во моментот кога се одигра целиот настан и кога во куќата почнаа да удираат со возилата, во детската соба над вратата преку која се обидоа да влезат беа сместени децата на сестрата на Цеца. Тие во тоа време беа будни и се подготвуваа за излет надвор од Белград“, наведува извор близок до семејството на пејачката.

„Децата биле уплашени и истраумазирани од тоа што се случи. Во моментот не знаеле за што се работи. Биле многу исплашени. Во случај да дошло до рушење на столбовите, нивната соба во истиот тој момент би се срушила“, објаснува изворот.

Напаѓачите сè уште се во бегство, а безбедносните камери го снимиле нападот, кој траел дваесетина минути. По инцидентот, напаѓачите побегнале во непознат правец.

Цеца во саботата се вратила од настап во Шведска. Денот го минала со семејството и сè било во најдобар ред. Не излегла од семејниот дом и сите освен нејзиниот син Вељко, кој е на подготовки во Русија, биле во куќата. Во неделата утрото се случи инцидентот. Прво непознати лица паркирале пред нејзиниот дом, а подоцна со возилата почнале да удираат во капијата“, наведува изворот.

Нападот врз семејната куќа на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се случи во неделата, на 30-ти септември, а ден по инцидентот истрагата откри страотни детали. Во моментот на нападот, автомобилите “Мини-купер” и едно караван возило удирале во портата над која е собата во која во тој миг биле внучињата на Цеца, односно близнаците на нејзината сестра Лидија.

„Во тоа време беа будни затоа што се подготвуваа за патување надвор од Белград“ – вели изворот и додава:

„Децата беа многу исплашени и вознемирени за она што се случи, бидејќи во моментот тие не знаеле што се случува. Тие беа шокирани. Во случај еден од столбовите што ја држи капијата да паднеше, нивната соба во истиот момент ќе се урнеше, зашто стои над истите тие столбови“ – објаснува изворот близок до истрагата.

Чудно е што напаѓачите се уште не се уапсени, иако безбедносните камери снимиле напад кој траел дваесет минути. По инцидентот, напаѓачите избегале во непознат правец и по нив се уште се трага!

поврзани објави

Последни објави