Млада Австралијанка дала 1.500 долари за два Ајфони кои ги нарачала на Интернет, но наместо да добие телефон, таа добила јаболки!
Се работи за 21-годишна Австралијанка која како што пренесува Јаху, платила 1.500 долари за на потешкиот начин да ја разбере разликата меѓу Епл како компанија и како јаболко.
Таа преку еден оглас нарачала ајфони, а кога отишла да ги подигне ги видела запакувани во кутија на Епл, но не ни погледнала што има внатре, па кога дошла дома и ги отворила кутиите доживеала вистински шок бидејќи внатре имало само јаболки.
Досега се измамени многу личности кои преку оглчаси сакале да купат телефони или таблети.