4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СО НЕА СЕ ПРОСЛАВИ: Таа е една од најубавите песни на Цеца, а малкумина знаат дека зад овој хит има голема тајна

Цеца Ражнатовиќ оваа година ќе прослави 30 години постоење на музичката сцена. Неодамна таа во едно интервју се присети како во 1991 година направила пауза и одлучила да ги промени соработниците со кои дотогаш соработувала, а во чиј период настанале хитовите „Цветак зановетак“, „Мики“ и други.

Цеца направила пауза од една година. Сакала да го промени тимот и да направи нешто поинакво.

„Дојдов до бројот на Марина Туцаковиќ, ѝ се јавив, беше пладне, зима. Реков: ‘Би сакала да разговарам со Марина’, ми рече: ‘Јас сум’. Реков:’ Цеца Величковиќ на телефон’, тогаш уште го имав тоа презиме. Имав 19 години. Марина ми рече:’ О, млада дамо, тебе те чекам веќе долги години и знаев дека ќе се јавиш кога тогаш’. Веднаш се договоривме да се видиме истата вечер. Дали верувате дека таа и Фута имаат цел албум направено за мене? Тоа е албумот ‘Шта је то у твојим венама’“ – открила Цеца по толку години.

Вели дека за време на паузата, пред да ѝ се јави на Марина, имала визија песните да ѝ бидат со посилна порака.

„Веќе станав девојка, сакав моите песни да бидат поинакви. Потоа дојде соработката со Марина Туцаковиќ и Фута и сите песни од нивниот албум беа хитови“, додала Цеца.

Песната „Кукавица“ ја одбележа нејзината кариера. И овој хит на Цеца има своја приказна:

„Работев на една турнеја на која учествуваа многу мои колеги. Беше од хуманитарен карактер, но и натпреварувачки. Карванот патуваше секаде по нашите земји, а мене ми требаше нова песна, иако мојот албум тукушто излезе. Се мислевме дали балада или малку побрз ритам. Фута ми рече: ‘Имаме една песна за тебе, но многу пејачи ја одбија и никој не сака да ја сними’. Секако Марина тогаш беше во кујната зашто сето тоа се случуваше во нејзиниот стан.

Му рече:„Футо, немој тоа да го свириш, без врска е“. Јас реков:„ Ве молам, сакам да слушнам што сте направиле, а дека е без врска, не можам да верувам“. И тој ми запеа дел од текстот, а јас веднаш реков дека тоа е лудило и дека токму таа песна е она што мене ми треба. Направивме аранжман и утредента ја отпеав песната за на крајот од неа да испадне вистинско ремек-дело“, рекла Цеца за интервју за РТВ Нови Пазар.

поврзани објави

Последни објави