3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ има шанси да гласаат за промена на Уставот?

Дали пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане компактна по силната серија притисоци кои се очекуваат во наредните десетина дена во кои премиерот најави дека планира да направи обид за да формира мнозинство за во Собранието да може да го протурка Договорот со Грција за промена на името.

Ова е прашањето од чиј одговор зависи, дали а веројатно и кога ќе има предвремени парламентарни избори.
Во игра се неколку можни сценарија.

Доколку власта успее да обезбеди мнозинство за да ги протурка уставните измени, клучното прашање е кои се имињата на пратениците кои ќе попуштат.

Иако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев излезе на гласање на референдумот, тој во изјава за Сител рече дека нема никакви шанси да гласа за промена на Уставот.

Со сличен став излезе и пратеничката и Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова која рече дека и покрај тоа што гласале на референдумот, нема намера да гласа за промена на Уставот. Ваков став на социјалните мрежи имаа и најголемиот дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но не сите, што во јавноста отвори простор за шпекулации дека дел од нив ќе го поддржат Заев.

Сепак, партиски извори велат дека по овие резултати на референудмот и како што велат, класичниот дебакл на власта, нема пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе може да се го дозволи луксузот и да гласа спротивно на волјата на мнозинството граѓани, кои како што вели нашиот извор испратија јасна порака дека немаат намера да го менуваат името, а особено не под овој Договор.

Се спомнуваше и опцијата за тајно гласање за да не се знае кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе „ја предаде каузата“, но Деловникот тоа нема да го дозволи.

Постои можност да се формира и широка Влада, но и во таа варијанта потребно е ВМРО-ДПМНЕ да даде зелено светло за уставните измени, нешто што партијата тешко дека ќе го прифати.

Најизвесната опција во оваа ситуација се чини се ново предвремени парламентарни избори но и нивната организација отвора повеќе прашања отколку што дава одговори.

Планот на Премиерот е сето тоа набрзина да го протурка, спротивно на Законот за Влада каде е договорено 100 дена пред избори да се формира техничка влада по пржинскиот модел, со технички министри и заменици од опозицијата и технички премиер од власта.

Заев планира изборите да се одржат до средината на ноември што би му овозможило да го смени Уставот доколку добие 80 пратеници и да го фати рокот пред да падна власта на Ципрас во Грција. Од друга страна, опозицијата учеството на изборите го условува со избор на нов Јавен обвинител и анкетна комисија за референдумот во Собранието.

Едно од можните, иако помалку веројатни сценарија е власта да излезе сама на избори без ВМРО-ДПМНЕ, што ќе и овозможи широко мнозинство за да го смени Уставот.

поврзани објави

Последни објави