7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ИМАВ МНОГУ ТЕШКО ДЕТСТВО: Пријовиќ призна дека ја малтретирале во училиште

Пејачката Александра Пријовиќ сега Живојиновиќ, го одржа својот последен концерт пред да замине на боледување.

Концертот помина одлично впрочем како и секогаш, а Александра блескаше во сребрен фустан со кој ги воодушеви сите на нејзинито настап во Швајцарија. Под фустанот се наѕираше нејзиниот труднички стомак, а многумина коментираа дека Александра е поубава од кога било досега.

Пријовиќ денес е една од најпопуларните пејачки, но на почетокот на кариерата таа воопшто не беше третирана како денес, а од некои од својата генерација и била малтретирана.

Сопругата на Филип Живојиновиќ се присети на времето кога растеше и одеше на училиште, кога била жртва на потсмевање од страна на децата.

„Не ми беше лесно. Ова никому му го немам кажано, но бев жртва на децата од училиште. Не ме тепаа, но психички ме малтретираа. Ме понижуваа, ме нарекуваа кутра пејачка. Ми зборуваа ’Ништо не е подобра од нејзината мајка пејачка’. Тоа беше понижувачко, ме деградираа. Се шегуваа на моја сметка кој како ќе стасаше“, раскажува Пријовиќ.

„Во училиште по секој мој настап носеа снимки и кои ги пуштаа, се смееја на цел глас. Се слушав и ги гледав. Во тие моменти ми се кинеше срцето“ – беше искрена пејачката сеќавајќи се на своите први настапи во „Ѕвездите на гранд“ која сега живее потполно друг живот.

„Сега се е променето, сите ми се јавуваат. Ми пишуваат на Фејсбук и ме поддржуваат. Истите оние кои ме снимаа сега сакаат да се дружат со мене. Сега сум им симпатична, убава, мила и драга. Тогаш си зборував: Ако, ако ќе видите вие, и ете, успеав. На сите ќе им одговорам на пораките, но никогаш нема да заборавам колку ме малтретираа“.

„Ме погоди среќна ѕвезда и сега сум тука каде што треба да бидам. Но ова е само почеток. Ова се само скали кон моите повисоки цели“, заврши самоуверено познатата пејачка.

поврзани објави

Последни објави