13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Српскиот претседател Вучиќ со поклон до Путин: Русинот се изненади бидејќи станува збор за ваков подарок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера на средбата во Кремљ на својот руски колега му ја подари книгата “Мојата преубава Србија”.

Kнигата на руски јазик ја објави руската издавачка куќа “Вечер”.

Авторките на книгата, Русинките Јелена Зелинска и Татјана Рибакова, во книгата на уникатен начин ги пренеле впечатоците од градовите и селата во Србија.

Зелинска, новинарка и публицист за агенцијата “Бета” изјавила дека тоа е прв современ туристички водич на руски јазик за Србија.

Автор на книгата

“Неочекувано, но многу пријатно што нашиот скромен труд го привлече вниманието на двајцата претседатели. Ние во таа книга ја вложивме целата наша љубов кон таа навистина преубава земја. Многу ми е драго што “Моја прекрасна Србија” стана дел од заедничкиот руско-балкански простор”, рекла Зелинска за Бета.

поврзани објави

Последни објави