25.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Гардист кој работел за Аркан ја открива вистината: „Него никој не смееше лошо да го погледне“

Веројатно многу пати досега сте се прашувале зошто Жељко Ражњатовиќ го викале Аркан.

Покојниот командант на паравоените групи во Србија во емисијата на Минимакс емитувана во 1996 година, открил зошто.

– Кога бев многу мал, гледавме некој воен филм во кој командант беше некој Аркоманд. Затоа што тогаш, меѓу децата, веќе бев командант, од Аркоманд ме нарекоа Аркан. Така настана прекарот и остана, изјавил Жељко во емисијата.

Приказната која се појави на друштвените мрежи за средбата меѓу Милорад Вељиќ Манга и Жељко Ражнатовиќ Аркан, предизвика реакции кај еден од припадниците на Српската доброволна гарда, кој ексклузивно за српскиот Курир тврди дека не е точно дека Манга во една прилика го понижил Аркан пред сите.

-Аркан отсекогаш беше страв и трепет. Човек пред кој сите стоеја во строј, му оддаваа почит. Тој воопшто не беше галамџија ниту некогаш пробал капка алкохол, кафе, цигари, дрога. Тој тоа го презираше. Никогаш не се фалеше. Тоа целата гарда го знаеше, сите, од мало дете, соседите, пријателите, спортистите, музичарите, сите знаеја каков беше Аркан.

Грамада, а не како што се обидуваат да ја искриват сликата за него така што себе ќе се воздигнат. Сега кога го нема веќе испаѓа дека сите го малтретирале. Тоа никогаш го немаше во неговиот живот. Него никој не мееше лошо да го погледне, а не пак нешто друго. Нека пуштат човекот да почива во мир, а семејството нека го поштедат од непромислени изјави.

Аркан одлично го познавав, со години бев покрај него. Таков човек никогаш веќе оваа земја нема да има – вели за српскиот Курир гардист кој работелл за Аркан, а побарал да остане анонимен.

Тој вели дека Аркан им помагал на луѓето, ги ценел пријателите и ги почитувал жените.

-Во друштвото беше омилен и прв. Се знаеше дека во негово окружување нема пушење, ни насилно однесување. Каде и да се појавеше луѓето му се поклонуваа. Не го бараше тој тоа ниту сакаше, но го почитуваа и ценеа. Неговиот збор имаше тежина, погледот јачина. Од големите и моќни луѓе никогаш за Ражнатовиќ нема да чуете лош збор. Читам дека разни луѓе зборуваат за него, а никогаш не го виделе, не поминале покрај него, а да не зборувам дека и требаше голема врска за да бидете во негово друштво. Тој беше поим за сите времиња. Големина зад која и сега се стои, па го споменуваат, бидејќи дека единствено преку неговото име можат себеси да се прослават – рекол за крај гардистот.

поврзани објави

Последни објави