Владејачката партија СДСМ денеска ја одржа првата седница на Централниот одбор на СДММ, на која беа избрани секретар, потпретседатели, организационен секретар и Извршен одбор на СДММ. Овие органи во следните две години ќе имаат мандат за извршување на голем број активности кои имаат за цел да го подобрат животот на младите, како и да ги промовираат политиките на СДСМ и СДММ.
За секретар на СДММ е избран Виктор Велевски од ЛК СДММ Кавадарци. За организационен секретар на СДММ е избран Гордан Шутаров од ЛК СДММ Карпош. За потпретседатели на СДММ се избрани: Јон Фрчкоски, Ана Манасиева и Никола Рилак.
На седницата едногласно беше избран и новиот Извршен одбор на СДММ, во следниот состав: Блажена Огненоска- ЛК Кичево , Ристе Булоски- ЛК Охрид, Марко Спиркоски- ЛК Прилеп, Мерсиха Муше- ЛК Ѓорче Петров, Никола Јакимовски- ЛК Крива Паланка, Виолета Димитровска- ЛК Берово, Ивана Трајкова- ЛК Неготино, Ана Трифуновска- ЛК Битола, Владислав Трајковски- ЛК Куманово, Соња Мартинова- ЛК Велес, Елена Велковска- ЛК Свети Николе, Марија Иванова- ЛК Струмица, Фросина Мантева- ЛК Радовиш, Ангела Паневска- ЛК Врапчиште, Марко Михаилоски- ЛК Тетово и Дарко Мијовски-ЛК Гостивар.