28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ФОТО: Што се случува со возилата на УЈП – едно стои превртено во река, друго ударено во Битола

Возило на Управата за јавни приходи се преврте во реката Драгор во Битола, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено. Возилото „фиат панда“ што се наоѓа во Драгор е превртено на покривот, искршена е каросеријата, а внатре се гледаат и документи, пренесува порталот СДК.мк.

Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и најверојатно од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.

На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП „фиат панди“. Во близина е и зградата на Управата за јавни приходи во Битола, па вработените возилата ги паркираат на паркингот крај реката.

Од СВР Битола потврдуваат дека се работи за сообраќајка.

Извор: Сакам да кажам

поврзани објави

     

Последни објави