11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Богаташот Шилегов пријавил три нови стана

Петре Шилегов од СДСМ за само 2 години го зголемил своето конто за над 200.000 евра, или што е по 9 000 евра месечно, изјави Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во новиот анкетен лист, богаташот Шилегов пријавува три нови стана на име на сопругата. Двата стана од 64 и 72 метри квадратни семејството Шилегови си ги купиле во 2015 година, кога пратеникот Шилегов го бојкотираше Собранието. Третиот стан од 68 квадрати си го купиле лани додека платеничката револуција дивееше и уништуваше се низ Скопје. Три стана не се купуваат со пратеничка плата. 9.000 евра месечно не се заработуваат со работа во Собранието“, рече Данев

поврзани објави

Последни објави