-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вељаноски краток и јасен: Нема да добиете двотретинско мнозинство

Во овие моменти се одржува собраниската Комисија за уставни промени на која што главна тема е дискусијата за промена на  на уставнот име. Откако зборуваше на говорницата премиерот Зоран Заев, збор зеде  пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, инаку поранешен претседател на Собранието.

 

„Мнозинската волја на народот која беше изразена преку неизлегување на референдумот е императив за секој пратеник. Изјавувам дека немам мандат ниту намера да учествувам во обидите за менување на Уставот. До сега сами го водевте процесот кој народот го запечати со референдумски неуспех. Продолжете во благопријатна атмосфера, но знајте дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот“, изјави Вељаноски кој беш подржанс оо аплауз од пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Прито тој исто така обвини дека на власта им бил поважен тајмингот за Договорот, од колку содржината.

Од друга страна пак премиерот Зоран Заев го образложи предлогот на Владата, рече дека нема ништо спорно во предлогот за уставни измени и ги повика пратенииците да не подлежат на притисоци и да се обединат околу стратешките цели на земјата.

„Со оваа одлука референцата ФИРОМ , ќе ја испратиме во историјата. Нашиот влог е прецизирано име – Република Северна Мкаедонија“, рече Заев.

 

поврзани објави

Последни објави