-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Протестите вродија со плод: Марин ја запре изградбата на објектот кај „Мајчин Дом“

Иако инвеститорот и утрово продолжи со активности на зелената парцела која ја красеше околината на „Мајчин дом“, сепак во текот на денот пристигна забрана. Истата е директно од Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

„Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија. Ги преземав сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со град Скопје, рече Марин.

Тој изрази надеж дека во најбрз можен рок ќе се дојде до решение со инвеститорот. Се чини вчерашните протести кои се случија пред „Мајчин Дом“ вродија со плод, барем за момент сега ситуацијата е смирена.

На прес-конференцијата градоначалникот најави формирање на Совет за урбанизам во рамките на Советот на Општина Аеродром, во кој ќе има претставници од граѓанските организации, како и експерти од областа на урбанизмот. Овој Совет ќе има клучна улога во урбанистичкото планирање на Општината и ќе претставува алатка преку која заеднички ќе се штитат интересите на жителите на Аеродром.

поврзани објави

Последни објави