-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Каде што има местење натпревари, таму се и Македонците – сега Белгија отвори истрага

Нов голем скандал ја тресе Европа, а истиот е поврзан со местење натпревари. „Жариштето“ е Белгија, а ќе беше чудно доколку во истотот не беа вмешани Македонци. Веќе од претходно низ минатите години наши државјани беа директно вмешани во скандалите откриени со местње натпревари, како оној во Италија.

Како што објави федералниот јавен обвинител во Белгија вкупно 57 рации се извршени од кои 44 во Белгија, а други 13 во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и во Македонија.

Станува збор за истрага која траела една година во која биле прибавени документи за „сомнителни финансиски операции“ од менаџери и поради тоа има индиции за можно „влијание со финансии врз фудбалските мечеви“. Според обвинителството, станува збор за кривично дело за крининално организирање, перење пари и корупција.

Во Белгија приведени на информативен разговор се еден од најпознатите менаџери Моги Бајат, хрватскиот тренер Иван Леко од Бриж, српски менаџер…. Во аферата се опфатени речиси сите најголеми клубови во оваа земја.

поврзани објави

Последни објави