-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Пандов: Пратениците на СДС барат да бидат парично „појачани“, 24 часа полициска заштита, како и политички азил

Политичкиот аналитичар Александар Пандов утрово на својот профил на „Фејсбук“ се огласи по повод последните случувања околу промената на уставното име. Сега на негов „тапет“ беа пратениците од владеачката партија СДСМ.

„Од неколку извори добивам исто инфо, а тоа е: одреден број на пратеници од СДС, кога виделе колкава пара се врти и нуди за гласање, се погласно почнале да се бунат и да бараат и тие да бидат ”појачани”. По прифатлив им бил балканскиот пристап на убедување, а не европскиот, што верувам го преферира и д-р Хан. Бројките кои се спомнувале биле од 500.000 до 1.000.000 евра или долари. Видот на валута бил во зависност од тоа дали пратеникот е повеќе про ЕУ или про НАТО. Од друга страна ”нашите’ избраници покрај кеш барале и 24 часовна полициска придружба, безбеден објект каде би биле сместени во периодот од два месеци додека трае гласањето во парламентот, како и политички азил за нив и нивните семејства“, вели Пандов.

Од каде му се овие информаци на Пандов и колку се веродостојни останува да видиме што ќе донесе времето. Инаку тој важи за жесток критичар на власта и притоа  силен подржувач на опозицијата.

поврзани објави

Последни објави