Во јавноста голема прашина се крена околу апсењето на Моника Ристевска, која вчера беше приведена, откако во нејзиниот дом било пронајдено одредено количество на наркотични средства.
На прашања од новинарите се обрати нејзиниот адвокат Јанаки Митровски, кој на последното прашање, дали ќе им дозволи на неговите деца да конзумираат канабис даде интересен одговор, а уште подобар беше делот, откако мислеше дека сите камери се исклучени.
„Ако сметаат моите деца дека треба да конзумираат канабис, нека конзумираат канабис, од мене нема да имаат никаков проблем. Ако сметаат дека не треба да конзуираат, пак нема да имаат проблем“, изјави Јанаки Митровски.
Откако Јанаки веруваше дека повеќе не се снима, му се „пушти“ на новинарот со пријателско дополнување.
„Добар одговор ти дадов? Мене ли со вакви прашања бе чичо, ка ци ти бе… од која редакција си, да видам“, низ смеа праша Јанаки, видео кое за брзо стана вистински хит на интернет.
https://www.instagram.com/p/BowapsRBAYq/